Според пријавата, оштетените лица склучиле купопродажни договори со правното лице, претставувано од С.Ѓ., за патничко возило ланд ровер со охридски регистарски ознаки и две патнички возила тојота со кумановски регистарски ознаки. Сепак, договорените суми за секое возило не им биле исплатени во определениот рок, со што биле оштетени за вкупен износ од околу 80.500 евра.
Надлежните служби преземаат мерки за понатамошно расчистување на случајот.