недела, 16 март 2025

Жените се охрабруваат да ги пријавуваат случаите на мобинг и на дискриминација

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација лани утврдила и постапувала по 10 претставки за дискриминација на работните места или при вработување. Случаите се забележани и од приватниот и јавниот сектор, истакна на денешната национална конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место во Штип, претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Лимко Бејзароски. Забележа дека како комисија го евидентираат секое неповолно однесување на работовачите кон работничките.

Објавено на

часот

Сподели

„Постапуваме совесно, согласно законските прописи и отстранување на недоследностите, даваме препораки и за волја на сите нас, на наше заедничко задоволство, тие преораки во најголем дел се почитуваат“, вели Бејзароски.

Претседателката на „Гласен текстилец“, Кристина Ампева рече дека денеска заедно со институциите, работодавачите и работниците дискутираат за прекршување на правата на работничките во приватниот сектор ,и тоа пред празникот 8 Март, Меѓународниот ден на жената. Таа изјави дека последните две-три години, иако има лош закон за мобинг и имаше проблеми со законот за заштита и спречување од дискриминација, сепак жените се охрабруваат да ги пријавуваат случаите на мобинг и на дискриминација.

„Ќе се сетиме дека пред една година  имавме случај, каде што на бремена работничка не ѝ беше продолжен договорот за работа, подоцна тие истите работодавачи да објават нов оглас за истото работно место и конечно имавме еден случај да докажеме по 30 години дека ете заедно со Комисијата за заштита и спречување од дискриминација, дека тие договори на определено време се користат токму заради тоа. Доколку жена-работничка користи боледување за нега на дете, доколку е бремена или слично, ете тие договори се користат за тоа да не им биде продолжен договорот за вработување“, рече Ампева.

Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата на Македонија потенцираше дека на секој етички расположен работодавач последно на ум му е да ги дискриминира своите работници. Според него, најважниот капитал во компаниите се токму работниците и затоа, како што вели – навистина жали што сè уште има дискриминација на работниците.

„Но, сето тоа е во насока на основните човечки вредности, домашното воспитание, културата, понатаму се проткајува врз начинот на водење на бизнис. Морам да напоменам дека во Македонија законите овозможуваат навистина рамноправност и не потикнуваат дискриминација и навистина треба да се почитуваат законите и да се биде усогласен со законите“, изјави Бошков.

На денешната национална конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место, а во организација на Здружението „Гласен текстилец“ говореа универзитетскиот професор, Лазар Јовевски – советник на премиерот за труд и социјална политика, претставници од Државниот трудов инспекторат и работнички.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ