понеделник, 17 март 2025

Романија: Џорџеску поднесе кандидатура за повторени избори (ВИДЕО)

Калин Џорџеску, кандидат на крајната десница, ја поднесе својата кандидатура за повторените претседателски избори во Романија, кои ќе се одржат во мај.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Џорџеску денеска ја поднесе својата кандидатура до изборната комисија, што е задолжителен чекор пред повторените избори, додека неколку стотици негови приврзаници вееја знамиња и го извикуваа неговото име, пренесува Ројтерс.

„Заедно ја прифаќаме администрацијата на Трамп и Венс поради нашите заеднички вредности – мирот, демократијата и слободата“, изјави Џорџеску за новинарите, предупредувајќи дека обидот да се блокира неговата кандидатура нема да успее.

Највисокиот суд во земјата ги поништи изборите два дена пред вториот круг гласање во декември, наведувајќи ги наводите за руско мешање во корист на Џорџеску , наводи кои Москва ги негира.

Џорџеску е под истрага за шест точки од обвинението, вклучително и членство во фашистичка организација и ширење лажни информации за финансирање на кампањата. Тој ги отфрли сите обвинувања.

„Нема причина да се откаже кандидатурата на Џорџеску“, изјави Ѓорѓе Симион, водач на крајно десничарската опозициска Алијанса за обединување на Романците, втората по големина партија во земјата, чиј член некогаш беше Ѓорѓеску.

Џорџеску ги пофали романските фашистички лидери од 1930-тите како патриоти и маченици и рече дека им се восхитува на американскиот претседател Доналд Трамп и на рускиот претседател Владимир Путин.

Членовите на администрацијата на Трамп го окарактеризираа поништувањето на изборите во Романија како пример на европските влади кои се борат против слободата на говорот и политичките противници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ