среда, 23 октомври 2024

Тошковски: Ова што се случува во затворите е срам за Македонија

За сѐ што зборуваше деновиве директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов поврзано со состојбата во затворите, МВР соодветно ќе постапи затоа што не може затвореници кои наводно биле во затвор да бидат дел од кривично правни настани надвор од затворот, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по работниот состанок со Управувачкиот комитет за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

„Македонската јавност многу добро знае дека затвореници додека се во затвор биле учесници во рамки на сообраќајни незгоди. Македонската јавност многу добро знае дека затвореници наводно додека биле во затвор биле дел од одредени кривично правни настани надвор од затворот. Сето тоа, нормално е дека ќе треба да биде соодветно процесуирано. Ова кое што се случува во затворите е срам за Македонија“, рече Тошковски.

МВР е должно, додаде, да ги истражи сите наводи, но за внатрешното функционирање на затворите, рече министерот, надлежно е Министерството за правда.

„Верувајте ми дека соодветно и навремено ќе реагираме за да го расветлиме и овој кривично правен настан којшто е факт дека е кривично правен настан, ова не е управна постапка. Не може затвореник којшто е наводно во затвор да предизвика сообраќајна незгода. Не може затвореник, којшто е наводно во затвор согласно евиденциите коишто ги има таму да учествува во кражба. Не може, тоа е недозволиво. МВР е должно да ги истражи сите овие постапки. За внатрешното функционирање во рамки на затворите надлежна е институција која што не е МВР, тоа на крајот на денот сепак е под Министерство за правда. Но, во делот на откривање на криминал од ваков размер, во делот на сето она кое што е сведок јавноста во минатото апсолутно е дека имаме надлежност и постапиме“, дециден е Тошковски.

В.д. директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов завчера информираше дека ноќта на 19 овој месец е направен вонреден надзор во Затворот Скопје и притоа е констатирано дека списокот со затвореници што го добиле од полицијата не кореспондирала со фактичката состојба која ја затекнале. Пандов затворите во Македонија ги нарече хотел Промаја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ