петок, 18 октомври 2024

Тошак: Македонците ги тренирам како што ме тренираа мене

Објавено на

часот

Сподели

Верува дека со разговор ќе ги охрабри македонските фудбалери

„Шесте месеци што ги минав како селектор на Македонија можам да ги оценам како позитивни. Такви се моите први импресии. Предизвикот е огромен, но во исто време морам да добијам подобри услови во секој аспект, најмногу гледано од инфраструктурна страна“, вели Тошак.

Неговиот биланс како македонски селектор се по две победи, ремија и порази. Фокусот е сега на наредните квалификации, откако на минатите Македонија заврши на петтата позиција, а на рејтинг-листата на ФИФА падна под 100. место.

„Битен е психолошкиот пристап кон фудбалерите. Тие имаат квалитет, ама многу треба да им се зборува за тоа. Нив ги тренирам на истиот начин на кој и јас самиот бев трениран во Ливерпул пред 40 години“, додава Велшанецот.

За прогнозите околу пласманот на Македонија и средбите против Србија, Хрватска, Белгија, Велс и Шкотска, Тошак мисли дека групата е тотално израмнета.

„Ќе биде многу интересно на секој меч. Сите тимови се израмнети. А кога би ме прашале за силината на мојот тим, би ви одговорил дека сè уште ја барам вистинската оценка“, вели македонскиот селектор.

Тошак е еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Ливерпул

„Едно знам и ветувам – дека двата натпревари со мојот Велс ќе бидат празник и уживање“, додава Тошак.

ФИФА го оценува како многу среќен човек, кој во кариерата неколку пати, и како играч и како тренер, имаа огромно помош од „фортуната“. Тошак се согласува.

„Два моменти ќе издвојам. Мојот гол за Ливерпул во 1974 година кога ја победивме Барселона на Камп Ноу во полуфиналето на УЕФА купот и 38-те погодоци на Уго Санчез за Реал Мадрид, кога како тренер ја освои Примера во 1990 година“, вели Велшанецот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ