недела, 24 ноември 2024

Топланата Скопје Север продадена за 350 илјади евра

Пакетот од 77.414 обични акции (99,98 од основната главнина) на топланата Скопје Север се продадени за 350 илјади евра.

 

Објавено на

часот

Сподели

Постигнатата цена на вчерашната берзанска блок трансакција беше 278 денари за акција или во вкупен износ од 21.521.092 денари.

Продавачот Топлификација АД Скопје е во стечај, а парите од релизираната јавна берзанска аукција што ја иницираше Комерцијална банка, ќе станат дел од стечајната маса, која ќе се распореди меѓу доверителите. Акциите се купени по почетната предвидена цена.

Лани во септември веќе имаше еден обид за продажба на топланата. Тогаш понудата беше 605 илјади евра или 482 денари за акција. Една година претходно понудената цена беше 780 денари за една акција или 980 илјади евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ