петок, 18 октомври 2024

Томовски: Германија е машинерија, не ги простува нашите грешки

Голманот на македонската репрезентација, Мартин Томовски вели дека можевме да одиграме многу подобро отколку што тоа го направивме против Германците.

Објавено на

часот

Сподели

Македонските ракометари повторно одиграа партија со огромен број на технички грешки.

„Можевме подобро, не го испочитувавме она што се договоривме за одбраната, не ја наместивме како што треба. Германците се одлични, машинерија, не простуваат ништо и ја казнија секоја наша грешка“, вели Томовски.

Следниот противник на Македонија е Швајцарија, тоа е шанса со добар меч да го завршиме настапот на Европското првенство.

„Што се однесува до нашиот следен противник, Швајцарија денеска изгледаше многу подобро, отколку со Германија. Мислам дека уште денеска ќе ја почнеме анализата за тој меч и ќе дојдеме до победата“.

Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ