петок, 18 октомври 2024

Томовски е фантастичен, Македонија има позитива од четири гола по првото полувреме

Ракометната репрезентација на Македонија има водство од 13-9 против Швајцарија по првите 30 минути, Марко Томовски има фантастична партија.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија одигра одлично прво полувреме против Швајцарија, со предност од четири разлика отидовме на паузата.

Во отсуство на повредениот Никола Митревски, Мартин Томовски доби шанса од првата минута и максимално ја користи, македонскиот голман има седум интервенции.

Ненад Костески и Жарко Пешевски имаат по три гола, Марко Митев и Филип Кузмановски постигнаа по два. Во составот на Швајцарија најдобар е Андре Шмид со четири голови.

Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ