петок, 19 јули 2024

Томи, миленикот во Лајка, најде среќен дом во Велика Британија

Објавено на

часот

Сподели

„Томи и неговото братче беа оставени на улица како мали бебиња, а нашиот колега Александар ги згрижи и ги чуваше додека не навршија 7 месечна возраст. Неговото братче имаше среќа да се вдоми брзо, а Томи остана со нас долго време, па така и стана наш миленик.

Томи секојдневно не смееше и ни го правеше денот поубав, немаше столче каде што тој не седеше и на сите состаноци беше најгласен со неговото крчење. Секој што доаѓаше во Лајка веднаш се вљубуваше во него, едноставно пленеше со неговите очи и интересен карактер.

с

Томи го испративме со многу солзи, иако уште зборуваме како ни фали, ние сме пресреќни што сега има свој дом и фамилија, кои премногу го сакаат.

Ти ја посакуваме целата среќа на овој свет Томи, ти посакуваме долг и среќен живот  со својата фамилија, а ние ќе чекаме нови фотогарфии од твоите авантури“, се вели во информацијата на скопското претпријатие.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ