„Пожари не можат да се гаснат со партиска превработеност во институциите за кризи, тие и сега не можат да одговорат на задачата. За нас е чудно што наместо да се плаќаат странските противпожарни услуги, а очигледно е така и граѓаните не се информирани дека тоа скапо се плаќа, не се купува соодветна противпожарна опрема, канадери и хеликоптери. Оваа опрема секоја нормална држава ја има, а во Европа само ние ја немаме, а државата барем за толку пари има“, изјави претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.
TМРО: Пожарите не се гаснат со партиска превработеност
Секое лето Македонија се соочува со истиот проблем – пожари и секоја година е неподготвена и срамно питачи по државите барајќи помош. Несватлив е односот на надлежните институции кои цело време се сликаат по медиуми како да се на фронт во Украина, а институциите наместо да бидат подготвени и опремени со модерна противпожарна опрема, години наназад служат за непотребни вработувања на партиски активисти на тој начин трошејќи го буџетот, наместо со истите средства соодветно да се опреми институцијата, се вели во соопштението на ТМРО.
Објавено на
часот