четврток, 28 ноември 2024

Тимот на кампањата на Трамп тврди дека бил цел на хакерски напад

Изборниот тим на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп доцна синоќа објави дека бил цел на хакерски напад и обвини „странски извори“ за пристап до внатрешните комуникации.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тимот на Трамп смета дека зад маневрот стои Иран, додека порталот Политико претходно објави дека добил мејлови со информации за републиканската кампања од извор кој одбил да се легитимира.

„Овие документи се незаконски добиени од странски извори кои се непријателски настроени кон САД, со намера да се мешаат во изборите во 2024 година и да направат хаос на нашиот демократски процес“, рече портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг.

Чеунг укажа на извештајот за инцидентот што го објави Мајкрософт неодамна, во кој се вели дека иранските хакери „испратиле онлајн порака за фишинг во јуни до висок функционер на претседателската кампања“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ