среда, 27 ноември 2024

Тиквеш, Башкими и Вардар Неготино ќе играат по два меча надвор од своите стадиони

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги изрече казните за Тиквеш, Башкими и Вардар Неготино.

Објавено на

часот

Сподели

Трите клуба добија санкции поради инциденти кои се случија минатата недела. На прволигашкиот меч меѓу Тиквеш и Вардар помошник судија беше удрен со предмет од трибина. Во ВМФЛ пак, неофицијално лице на теренот во Неготитно го удри голманот на Охрид по мечот против домашниот Вардар, а голем притисок врз судиите имаше од лица по мечот меѓу Башкими и Беласица.

Поради овие инциденти, Тиквеш, Башкими и Вардар Неготино по два меча ќе играат надвор од својот стадион.

Тиквеш ќе игра во Кичево, Башкими во Гостивар, а Вардар Неготино во Струмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ