вторник, 23 јули 2024

Тетовскиот суд закажа судење за пречекот на Курти без државните знаме и химна во Тетово

Објавено на

часот

Сподели

На фејсбук-профилот, Касами напиша дека тоа претставува обид за заплашување и молчење.

„Уште еден обид за заплашување и молчење, што ме прави да разберам колку се плашат од албанската опозиција. Со овие дела ни ја зголемувате храброста. Повторувам, времето на заплашување и уцена на Албанците е мртво, како што умира и вашиот режим. Тоа го должиме само на граѓаните и на овој народ, бидејќи за вакви режими не се плашевме ниту во комунистичката ера, ниту сега. Вашето време истече“, напиша Касами.

м

Касами објави и дел од образложението зошто се поведува постапката.

„На ден 11.08.2023 година на градскиот плоштад при организираниот дочек на странска делегација и претставници на Владата на Косово предводена од Албин Курти при самото доаѓање на градскиот плоштад на поставена бина беше интонирана химната на Албанија при што не беше интонирана химната на РС Македонија. Воедно на бината каде што се одвиваше манифестацијата истакнати се знамиња на Р. Косово и Р. Албанија без притоа да се истакне државното знаме на РС Македонија. Горе пријавеното правно и одговорно лице во правно лице не постапиле согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната на РС Македонија при што при официјалната посета на странската делегација не ја интонирале државната химна како и не го истакнале државното знаме на РС Македонија“, пишува во поканата на Основниот суд Тетово до локалната самоуправа.

н

На официјалната страница на Основниот суд Тетово нема соопштение дека е поведена прекршочна постапка ниту дека е закажно рочиште за овој случај. Сепак во календарот за судења, а според податоците од поканата што ја објави Касами судот има закажано едно рочиште на 15 септември во 11:30 часот за предмет заведен како ПРК-Ј-296/23.

Ознаката ПРК-Ј значи дека ќе се води прекршочна постапка од областа на јавниот ред и мир. Според обајвениот календар на судења предметот треба да го води судијата Назиф Илијази. Она што не се совпаѓа со податоците од поканата и каледнарот на судења е судницата. На поканата кај Касами пишува дека судењето ќе се одржи во судница 2/1, а на календарот на судења рочиштето е закажано во судница 2.

Од 11 август СВР Тетово го бара и човекот кој вееше знаме со карта на Голема Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ