среда, 23 октомври 2024
Министерство за политички систем бара извинување од ВМРО-ДПМНЕ

Тетовчанката Шпреса Абази е вработена во министерството на Груби, а не Шпреса Абази, снаата на обвинителот Абази, тврдат од МПС

Објавено на

часот

Сподели

Шпреса Абази од Тетово, сосема друга личност, е вработена во 2022 година во Министерството за политички систем како преведувачка. Цел вчерашен ден ВМРО ДПМНЕ дрско, упорно ја лаже јавноста па од тука произлегува дилемата дали се работи за неписменост во партијата или само за постојан порив за произведување на лажни вести. Бараме јавно извинување од страна на ВМРО ДПМНЕ за јавно искажаните невистини, во спротивно ќе постапиме согласно законот, пишува во реакцијата на Министерството за политички систем.

„Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците веќе ѝ разјасни на јавноста дека Шпреса Абази е вработена во Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор на 1 јули 2015 година преку програмата К5. Во Планот за трансфер на вработени преку програмата К-5, кој е усвоен од страна на Владата, предвиден во Законот за трансфер на административни службеници вработени преку програмата К-5 во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците заедно со уште 9 вработени е предвидена за трансфер во АЕК. Во моментот кога планот е усвоен од Владата и беа реализирани трансферите, нејзиниот статус беше во мирување, бидејќи таа го придружуваше својот сопруг, во амбасадата на Македонија во Виена, Австрија, испратени во времети на Никола Поповски, тогашен министер за надворешни работи. Затоа, трансферот е извршен веднаш по враќањето од мандатот, како дел од планот за трансфер на 1359 вработени со програмата К5“, реагираат од Министерството за политички систем.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски вчера на прес конференција обвини дека првиот потрпетседател на Владата и министер за политички систем, Артан Груби ја вработил снаата на шефот на Обвинителството за борба против органзиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Ислам Абази, Шпреса Абази, како помлад соработник во неговото министерство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ