петок, 18 октомври 2024

Тешко вооружени специјални сили извршија рации низ Турција, уапсени 189 членови на ИД (ВИДЕО)

Турската полиција уапси 189 лица осомничени дека се екстремисти на Исламската држава (ИД) во рации низ целата земја, соопштија денеска официјални лица. Во 37 градови и провинции биле извршени апсења на осомничени за припадност на таа сунитска исламистичка група.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Апсењето следи еден ден откако Анкара спречи планирани џихадистички напади врз синагоги и цркви во Турција со апсење на околу 30 лица. Турција претходно доживеа неколку смртоносни напади поврзани со ИД. Полицијата претресе неколку станови и објекти во Истанбул и Анкара, заедно со голем број други градови, објави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на Икс.

На таа социјална мрежа тој сподели и фотографии од наводни оперативци на ИД со лисици на рацете, уапсени во ноќна рација во нивните станови. Турција во петокот уапси 32 осомничени екстремисти на Исламската држава, кои наводно планирале напад врз ирачката амбасада.

Националноста на приведените и детали за нивните планирани напади не се објавени. Самопрогласената Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во ноќниот клуб во Истанбул во 2017 година, во кој беа убиени 39 лица на новогодишна забава. Оттогаш, Анкара рутински ги напаѓа осомничените од Исламска држава.

На почетокот на мај, Анкара објави дека турските разузнавачки сили го убиле лидерот на Исламска држава Абу Хусеин ал Кураши во Сирија. ИД го избра Ал Кураши за свој водач во ноември 2022 година, откако претходниот лидер на ИД беше убиен во операција во јужна Сирија.

Исламската држава презеде контрола врз големи делови од Ирак и Сирија во 2014 година, а нејзиниот лидер во тоа време, Абу Бакр ал-Багдади, прогласи исламски калифат на територијата на која живеат милиони луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ