четврток, 24 октомври 2024

Тензии со полицијата и најави за протерување на монасите: зошто е според еден манастирски дом на Света гора

Трет пат во последните две децении, манастирот Есфигмен на Света Гора и неговите 118 монаси се во конфронтација со властите во Грција и вселенскиот патријарх Вартоломеј. Грчките власти со години се обидуваат да ги иселат монасите откако тамошните судови пресудија дека монасите незаконски ја заземаат територијата на манастирот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според грчките медиуми, полицијата повторно се подготвува да ги исели монасите, што значи дека може да се повторат сцените од 2006 и 2013 година кога дојде и до физички судир меѓу монасите и полицајците.

Новата рунда на судирот почна претходно месецов кога грчката полиција писмено побара од Светата Епископија на Света гора дозвола да продолжи со операцијата за иселување на монасите. Како што наведуваат локалните медиуми, стотици полицајци се наоѓаат во близина на манастирот, спремни за рација.

Манастирот Есфигмен се наоѓа на 18-то место во хиерархијата на светогорските манастири, а во правни и црковни спорови е вплеткан уште од раните 1970-ти години, и станува збор за еден од најконзервативните манастирски домови на Света гора. Манастирот зазема остар став кон Цариградската патријаршија со која прекина секаков контакт. Една од причините е тоа што повеќето монаси не се сложуваат со средбите со претставници на Римокатоличката црква и можноста Света гора да се отвори за жени посетители.

Пред повеќе од две децении, во 2002 година, старото братство беше прогласено за нелегално, а на монасите им беше наредено да го напуштат манастирот. Истовремено се исклучени и од сите државни и европски фондови.

Новото братство беше основано во 2005 година во Кареја, главниот град на планината Атос, кое е легитимно и официјално признато. Грчкиот Врховен суд во 2020 година донесе одлука со која старото братство е обврзано конечно да ги предаде сите узурпирани територии на и надвор од Света гора на новото братство.

Минатиот викенд беше одржан протестен собир на поддржувачите на старото братство, а верниците, кои од целата земја пристигнаа во блискиот Уранополис, извикуваа „православие или смрт“, противејќи се на каква било интервенција на полицијата во манастирот.

„Спремни сме да го браниме манастирот до смрт. Ова е нашата духовна татковина. Тука духовно сме родени и тука ќе имреме“, вели старецот Методиј, еден од осудените за инцидентите во 2013.

Тој додава дека обвинувањата на смета на монасите се невистинити.

„Нè обвинуваат дека обучуваме Руси. Кој ќе дојде, ние ќе го примиме. Ќе му дадеме парче леб да изеде“.

Според него, нивната разлика во однос на патријархот е „духовна“.

„Не го сметаме за православие тоа што го прави, имајќи предвид дека со своето дејствување работи против православната црква“, наведува тој, додавајќи дека „европските пари се тројански коњ кој ќе ја уништи Света гора“, бидејќи на жените ќе им биде дозволен влез на барање на Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ