понеделник, 28 октомври 2024
Куп на Италија

Тензично римско дерби со три црвени картони, Лацио се пласираше во полуфинале (ВИДЕО)

Лацио ја победи Рома со 1-0 и се пласираше во полуфинале на Копа Италија, Матија Закањи од пенал го реши римското дерби.

Објавено на

часот

Сподели

Популарното „Дерби дела Капитале“ во Купот на Италија донесе многу тензија, пред да почне натпреварот навивачите на Лацио и Рома се гаѓаа со факели, а откако судиајта означи старт, долу на теренот летаа искри и беа покажани три црвени картони.

Кога е во прашање резултатот, еден гол беше доволен да се реши победникот. На стартот од вториот дел, со помош на ВАР беше досуден пенал, Матија Закањи остана смирен и ја реализираше најстрогата казна за победа на Лацио од 1-0 и пласман во полуфинале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ