петок, 18 октомври 2024

Телевизор на Самсунг доби сертификат за „Намалување на CO2“

Објавено на

часот

Сподели

Како што Самсунг постојано ги зголемува своите напори за одржливост, се очекува повеќе од 20 модели на телевизори да го добијат овој сертификат годинава.

Самсунг електроникс (Samsung Electronics) објави дека шест модели од линијата Neo QLED 2023 добиле сертификат за „Намалување на CO2“ од Карбон траст (Carbon Trust). Оваа ознака се доделува на производ за кој ќе се докаже дека неговиот јаглероден отпечаток се намалува од година во година, што е потврда за напорите на Самсунг да ја подобри одржливоста во текот на животниот циклус на производот.

„Задоволство е да се види дека оваа призната организација ја препознава мисијата за одржливост на Самсунг и нашата постојана посветеност на создавање производи кои ја ставаат иднината на нашата планета на прво место“, изјави Секво Јонг, извршен потпретседател и директор на тимот за истражување и развој на отсекот за визуелни прикази во компанијата Самсунг електроникс. „Како најголем производител на телевизори во светот, ја препознаваме нашата одговорност да бидеме пример и ќе продолжиме да ја користиме технологијата за да поттикнуваме позитивни промени“.

Карбон траст е глобална климатска консултантска компанија основана од владата на Велика Британија со мисија да одговори на климатските промени и да ги намали стакленички гасови (GHG). Организацијата го пресметува јаглеродниот отпечаток при сертифицирањето со проценка на количеството на стакленички гасови испуштени во текот на целиот „животен“ циклус на производот, почнувајќи од производство до изложување, врз основа на меѓународно признати стандарди. Значајно е што етикетата не ја зема предвид компензацијата на CO2.

Моделите на телевизори Neo QLED 2023 го добија сертификатот како признание за напорите на Самсунг да ја намали тежината на производите и нивната потрошувачка на енергија во текот на фазата на употреба во споредба со нивните претходници. Шестте сертифицирани модели вклучуваат три Neo QLED 8K и три Neo QLED 4K екрани. Бидејќи Самсунг се стреми да го прошири опсегот на овие напори, оваа година се очекува да добие сертификат за јаглерод отпечаток за повеќе од 20 модели во својата најнова линија на QLED, Crystal UHD и OLED телевизори, како и монитори и дисплеи за означувања.

 Во 2021 година, Samsung Neo QLED стана првиот екран што доби сертификат меѓу телевизори со 4K и повисока резолуција. Следната година, 16 модели од линијата на Samsung за 2022 година, вклучително и 11 модели од линијата на телевизорите QLED, Crystal UHD и Lifestyle, како и пет монитори и дисплеи за означување, исто така беа сертифицирани.

Како глобален лидер за телевизори 17-та последователна година, одделот Samsung Visual Display Business продолжува да воведува еколошки свесни производи и практики во својата технологија за екрани што се користи во телевизори и монитори.

                                                                                                                                         Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ