петок, 18 октомври 2024

Тел Авив: Палестинец со камионет налетал на пешаци, па ги нападнал луѓето со нож

Објавено на

часот

Сподели

Состојбата на три лица е тешка, а напаѓачот на лице место го убил вооружен цивил, го пренесоа израелските медиуми соопштението на полицијата во кое се наведува дека тоа бил терористички напад.

Исламски екстремистички Хамас, кој владее во појасот Газа, го пофали нападот како „херојска одмазда за (израелската) воена операција во (палестинскиот град) Џенин“ во окупираниот Западен брег каде воената акција почна вчера.

Министерот за финансии на Израел Бецалел Смотрич прв реагираше на нападот, оценувајќи дека Израелците мора да се обединат против теророт.

Медиумите брзо го идентификуваа напаѓачот и објавија дека тој живеел во палестинска населба кај Хеброн на Западниот брег.

Како што е наведено, 23-годишниот Палестинец влегол во Израел со дозвола за лекување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ