недела, 24 ноември 2024

Текстилните компании бараат навремено враќање на ДДВ за поквалитетно производство

Без навремено враќање на ДДВ-то текстилните компании се оптоваруваат со огромни износи на ДДВ, спротивно на законот. Истото се случува и со повратот на уплатени придонеси кај заштитните друштва каде се доцни со поврат и над шест месеци, реагираат од Калстерот на текстилни компании по вчера одржаниот состанок на Управниот одбор.

Објавено на

часот

Сподели

„Имено, набавката на репроматеријали од странство, бидејќи во Македонија не постои базно производство, е поврзана со уплата на високи износи на ДДВ, посебно кога се работи за скапи и квалитетни ткаенини. Овие износи, поради извозната ориентираност на гранката, до месец април 2024 година редовно се враќаа на месечен или тромесечен основ, но од месец април настапи застој и неповрат на средствата. Суштината на ДДВ-то е компаниите да го пресметуваат и плаќаат при продажбата, но да добиваат поврат на влезниот данок. Без ова да функционира компаниите се оптоваруваат со огромни износи на ДДВ, спротивно на законот. Истото се случува и со повратот на уплатени придонеси кај заштитните друштва каде се доцни со поврат и над шест месеци“, велат од текстилните компании.

Оттука, компаниите прашуваат зошто ДДВ-то до месец април 2024 година се враќаше редовно, а од месец април наваму касни над шест месеци од законскиот рок и како ќе се покријат каматите на кредитите кои компаниите ги подигаат заради каснење на повратот на ДДВ или повратот на средства кај заштитните друштва, за да може истите непречено да функционираат?

Затоа Текстилно трговско здружение – Текстилен кластер ги замолува одговорните институции за побрзо враќање на средствата и запазување на рокот на враќање согласно законските одредби, „бидејќи на индустријата и се потребни не само средствата од ДДВ туку и дополнителни стимулации за да истата ја одржи својата конкурентност и да ги задржи своите странски купувачи кои заради глобалните случувања постојано ги намалуваат цените и во секој момент можат да го пренасочат производството во други земји“.

Од здружението се надеваат на брза реакција и истовремено нудат помош „доколку е потребно за решавање на проблемите“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ