петок, 18 октомври 2024

ТАВ Македонија: Нема откажани летови, сите системи функционираат

Сите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови, информираат од ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми. Не се соочуваме со прекини или технички проблеми на нашите системи, велат од ТАВ Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Факт е дека одредени авиокомпании се соочуваат со тешкотии со нивните системи, но ние презедовме мерки за овозможување на непречени операции на аеродромите.

Сепак, ги советуваме и апелираме до сите патници да ги проверат и потврдат информациите за нивниот лет со авиокомпанијата или туристичката агенција преку која резервирале авиобилет.

Сите аеродромски сектори се во состојба на подготвеност поради глобалниот ИТ прекин и се преземаат сите неопходни мерки за опслужување на нашите патници на најдобар можен начин“, се вели во информацијата на ТАВ Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ