вторник, 22 октомври 2024

Таткото на убиената Вања пред суд, осомничен е дека помогнал во убиството на ќерка си

Во Скопскиот кривичен суд попладневно е донесен таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој е еден од осомничените за убиството на 14-годишното девојче. Родителите на убиената Вања не живееле заедно бидејќи биле разведени, а таа има и помала сестра. 

Објавено на

часот

Сподели

Тој беше донесен од полициската станица Центар, каде што последните 24 часа беше на распит. Се очекува по барање на скопското Јавно обвинителство да му биде изречена мерка притвор од 48 часа, како и на останатите тројца осомничени во случајов, коишто веќе се во притвор.  

Телата на двете жртви 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски се на обдукција во Судска медицина. Во текот на утрешниот ден се очекуваат ДНК-анализите по што се очекува да биде побаран и подолг притвор за четворицата осомничени.  

Петтиот осомничен Љупчо Палевски – Палчо, којшто е посочен како организатор и реализатор на убиствата, се наоѓа во бегство. До овој момент МВР нема распишано меѓународна потерница, бидејќи предметот сѐ уште е во предистражна постапка.  

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција кажа дека му се влезени во трага на Палевски. Тој првично заминал за Белград, Србија, а потоа отишол за Бугарија според досегашните сознанија. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ