вторник, 22 октомври 2024
Прес-конференција

Таравари за 100-те дена на Алијанса во Владата: Земјата се придвижи напред, сега се потребни уставни измени

Објавено на

часот

Сподели

„Постојано барам од секој функционер на Алијанса за Албанците резултати и нулта толеранција на корупцијата. Уште од почетокот на нашето управување со Министерството за правда презедовме низа активности за да ја зголемиме довербата на граѓаните во судството. Преку Министерството за информатичко општество и администрација ќе формираме една точка на која ќе се нудат 182 електронски услуги на едно место. Откао управуваме со Министерството за здравство за 3.000 денари ги зголемивме платите на сите здравствени работници, а за 162 отсто го зголемивме надоместокот за дежурство“, рече Таравари.

Тој посочи дека имало многу ветувања за евроинтеграциите на земјава, но многу и се лажело.

„Од нас се очекува што поскоро да ги направиме уставните измени за да се интегрираме. Но, ситуацијата е променета со интервенцијата на Русија во Украина и пројавувањето на проруски ставови во соседството. Можно е и кај нас да преовладаат проруските ставови. Европа е нашиот единствен дом, но не чека на нас. Затоа нашата демократија мора да ги надмине предизвиците и да не дозволи да не блокираат противниците на западот“, рече Таравари.

Лидерот на Алијанса за Албанците порача дека во иднина наместо на темите кои разделуваат треба да се фокусира на оние кои обединуваат.

„Такво е и нашето барање за албанскиот јазик во Уставот. Очекуваме тоа да биде едногласно поддржано“, потенцира Таравари.

Истакна дека сите одлуки на политичарите во земјава треба да се носат имајќи ги во предвид потребите и барањата на младите затоа што, како што рече, тие се нашата иднина.

„Ако како политичари продолжиме да размислуваме само за идните избори ќе бидеме одговорни за егзодусот на младите. Време е да се однесуваме како државници“, порача Таравари.

Прашан за очекувањата за процесот на уставните измени во Собранието рече дека очекува да има 80 пратеници кои ќе ги поддржат измените и додаде дека имаат контакти со сите партии, но не со некои поедини пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако не се донесат уставните измени и се дозволи Албанија да се одвои и сама да ги продолжи преговорите ќе влеземе во изолација како во 2008 година, а потоа ќе треба да направиме потешки отстапки за да го продолжиме евроинтегративниот процес, како што беше со името за да влеземе во НАТО“, рече Таравари

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ