На масата со интелектуалците се разговараше за претседателската платформа на кандидатот Арбен Таравари, како и за приоритетите на истата, а на неа присуствуваа еминентни личности како што е д-р проф. Руфи Османи и уште десетици универзитетски професори, кои покрај конкретни предлози, дадоа и силна поддршка на претседателската платформа на Арбен Таравари.
Платформата на кандидатот Арбен Таравари е изградена околу четири главни столба и ќе биде објавена во наредните денови.
„Денеска имав многу важна средба со универзитетска елита, академици и експерти од различни области, за претседателската програма. Наскоро оваа програма, дизајнирана од најдобрите во земјата, ќе биде јавно претставена затоа што го заслужувате најдоброто“, вели Таравари.