„Алијанса за Албанците по изборите на 8 мај имаше случувањата внатре во партијата. Имавме приклучување на многу нови луѓе. Сега ни требаше консолидација на сите ограноци и подограноци. И денес, Собранието на партијата ќе биде консолидирано дефинитивно. Ќе донесеме нови политики на партијата коишто ќе бидат со една декларација денеска донесени заеднички од конгресот на партија“, изјави Арбен Таравари.
На новинарско прашање за правниот статус поради поделбата на партијата Таравари очекува судска одлука во корист на членовите кои се мнозинство.
„Судскиот процес тече, Апелацискиот суд донесе одлука во којашто првичната одлука што беше донесена под притисок на судот во Тетово пред избори се одбива. Се надевам дека ќе има одлука како што треба, партијата да им припаѓа на тие коишто се членови, кај што е мнозинството“, рече Таравари.
Претседателот на оваа партија вели дека нема проблем да има избори, но не гледа потреба за вонреден термин.
„Генерално нема никаков проблем за избори, меѓутоа знаете дека избори имавме пред 4, 5 месеци. Нема логика повторно да имаме, меѓутоа ако имаме широк консензус меѓу сите партии дека ни требаат избори, нема никаков проблем иако не гледам потреба. Ние сигурно ќе имаме избори 2025 година. Меѓутоа локални избори, тоа се избори во коишто ќе видиме кој, како стои и каде стои“, истакна Арбен Таравари.
На новинарско прашање за уставни промени, Таравари рече дека е оптимист дека ќе се најде некое решение да се случат промени. На конгресот нема да се разговара за предвремени избори.