петок, 25 октомври 2024

Талибанците на стадион јавно камшикуваа 49 мажи и 14 жени

Мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан (УНАМА) го осуди јавното камшикување на повеќе од 60 луѓе во северната авганистанска провинција Сар-е Пол.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Талибанците јавно камшикуваа најмалку 63 лица во вторникот, објави УНАМА на социјалната платформа Икс. УНАМА го осуди физичкото казнување и повика на почитување на меѓународните обврски во врска со човековите права, јавува Асошиетед прес.

Врховниот суд на талибанците го потврди јавното камшикување на 63 лица, меѓу кои и 14 жени. Тие изјавија дека се работи за лица виновни за различни кривични дела, вклучувајќи содомија, кражби и неморални односи. Камшикувањето е извршено на спортски стадион.

И покрај првичните ветувања за поумерено владеење, талибанците почнаа да спроведуваат строги казни во јавноста – егзекуции, камшикување и каменување – набргу по враќањето на власта во 2021 година. Казните се слични на оние за време на претходното владеење на талибанците кон крајот на 1990-тите.

Претходно оваа година, талибанците извршија јавна егзекуција на човек осуден за убиство додека илјадници гледаа на стадион во северната провинција Јавзјан. Брат на убиениот застрела осуденик пет пати со пушка. Тоа беше петто јавно погубување откако талибанците ја презедоа власта во август 2021 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ