среда, 23 октомври 2024

СЗО: Наредбата на Израел за евакуација на северот на Газа е смртна казна за пациентите

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека принудувањето на илјадници пациенти во Појасот Газа да се евакуираат од веќе преполните болници може да биде „смртна казна“ за нив.

Објавено на

часот

Сподели

Израел им нареди на Палестинците да го евакуираат северниот дел на Појасот Газа пред очекуваната копнена офанзива против Хамас, една недела по најсмртоносните напади во израелската историја.

„СЗО силно ги осудува повторените израелски наредби за евакуација на 22-те болници во кои се лекуваат повеќе од 2.000 приковани за кревет пациенти во северниот дел на Газа“, се вели во соопштението, пренесува агенцијата Франс прес.

„Присилната евакуација на пациентите и здравствените работници дополнително ќе ја влоши хуманитарната криза и кризата во јавното здравство“, се вели во соопштението на СЗО.

Преместувањето на пациентите на југот на Газа „каде што здравствените установи се веќе со максимален капацитет и не можат да се приспособат на драматичното зголемување на бројот на пациентите, би можело да се граничи со смртна казна“, заклучува СЗО.

Израелската армија денеска соопшти дека ќе се воздржи од напад на еден од патиштата што водат кон југ од 10 до 13 часот по локално време и апелираше до Палестинците масовно да го напуштат северот.

Претходниот ден беа понудени два коридори и повеќе време за евакуација.

Газа веќе се соочува со хуманитарна криза поради зголемениот недостиг на вода, храна и медицински материјали, последица на израелската блокада, која исто така предизвика затворање на единствената електрана поради недостигот на гориво, наведува АП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ