сабота, 19 октомври 2024

Сврти на среќа, нова наградна игра на Златен даб

И ова лето Златен Даб на свој, веќе препознатлив начин ќе се бори против летните горештини.

Објавено на

часот

Сподели

Од денеска, 22 јули, почнува големата наградна игра „Сврти на среќа“ со Златен даб. Во наградната игра учествуваат пакувањата со специјално дизајнирана етикета за наградната игра, односно шишињата во стаклена амбалажа од 0,33 л и 0,5 л, како и шишињата во пластична амбалажа од 1,5 л.

На фановите, механизмот за учество во наградната игра им е веќе познат, односно сите оние што ќе уживаат со Златен Даб ќе можат да освојат вредна награда многу едноставно: ќе треба да го скенираат QR-кодот од етикетата што води до интернет-страницата каде што треба да се пријават за учество со внесување на личните податоци (име, презиме и телефонски број) и да го внесат кодот што се наоѓа на внатрешната страна од капачето. Колку повеќе испратени кодови, толку поголема шанса за добивки.

За време на наградната игра ќе се доделат повеќе од  1.000 награди, и тоа: осум скари на плин GENUX, осум часовници GARMIN forerunner 55, осум грамофони TEAK TN180, осум Bluetooth звучници JBL clip 4, 80 брендирани ранци, 440 брендирани крпи за на плажа и исто толку 6х0,5 лименки Златен Даб, и главната награда секој понеделник VESPA Primavera. Извлекувањата ќе бидат секој понеделник од 22 јули до 15 септември.

Организаторот ќе ги извести среќните добитници преку СМС-порака за добитен код и видот на наградата. Секој учесник што ќе биде извлечен како добитник на награда, должен е да приложи доказ дека е корисник на телефонскиот број во пријавата за учество, односно да ја покаже СМС-пораката со известување за добитен код.

Резултатите од извлекувањето ќе бидат објавени на веб-страницата со објавување на извлечениот код и телефонскиот број на добитникот.

Златен даб и Прилепска пиварница им посакуваат многу среќа на учесниците во трката за вредни награди и ги повикува заедно да ги предизвикаат летните горештини.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ