четврток, 24 октомври 2024

Светот во неделата ја постигнал највисоката некогаш забележана температура

Светот во неделата 21 јули ја постигна највисоката некогаш забележена температура, покажуваат прелиминарните податоци на Коперникус, програмата на Европската Унија за набљудување на Земјата. Просечната површинска температура во неделата постигнала 17,09 степени, што е нешто повеќе од претходниот рекорд, забележан во јули минатата година – 17,08 степени Целзиусови.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на изминатата недела топлотни бранови ги зафатија Соединетите Американски Држави, Европа и Русија, пренесува Ројтерс. Коперникус на британската новинска агенција ѝ потврдил дека се чини дека минатогодишниот рекорд е соборен. Податоците се собираат од 1940 година.

Минатата година Земјата имала четири последователни дена кои соборувале рекорди, од 3 до 6 јули. Климатските промени поттикнати пред сè од согорувањето фосилни горива доведоа до екстремни жештини на северната хемисфера, пишува Ројтерс.

Од јуни 2023 планетата секој месец, 13 по ред, бележи рекордно топли месеци во споредба со истите периоди од претходната година, соопшти Коперникус. Дел од научниците веруваат дека 2024 затоа ќе ја помине 2023 како најтопла година откако се бележат податоците. Климатските промени и крајот на метеоролошкиот феномен Ел Нињо во април оваа година дополнително ги кренаа температурите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ