петок, 18 октомври 2024

„Светот на Биби“ на пазар од над 400 милиони жители, на Блискиот Исток, Северна Африка и Канада

„Светот на Биби“ потпиша договор со Маркетком (Markettcom), водечка агенција за лиценци на Блискиот Исток, Северна Африка (MENA регион) и Канада. Ова партнерство им овозможува ексклузивни права за претставување на „Светот на Биби“ во следните три години на клучни пазари, што е голема можност за ширење на брендот.

 

Објавено на

часот

Сподели

– „Светот на Биби“ има богат содржински материјал со фундаментални вредности и поттикнува позитивен развој на децата. Со помош на нашето заедничко искуство и посветеност на работата, ние сме подготвени значително да го зголемиме препознавањето на брендот „Светот на Биби“ и да постигнеме суштински раст на пазарот во опфатените региони – изјави д-р Амер Битар, основач и извршен директор на Маркетком.

– Партнерството со Mаркетком сведочи за високите стандарди на работа на нашиот тим и за квалитетот во содржините што ги создаваме. Присуството на пазар со над 400 милиони жители претставува нов предизвик и огромен потенцијал за креирање нови содржини и уникатни производи – изјави Стојче Коко Ѓорѓиев, коосновач и извршен директор на „Светот на Биби“.

Брендот „Светот на Биби“ е основан во 2018 година во Македонија. Со веселите карактери Биби и Боби се слават природата, пријателството и бесконечната љубопитност, вклучувајќи ги децата во волшебни авантури. Од импресивни анимирани приказни, преку живописни книги до весела продукција, овој универзум го отсликува единството, почитувањето и свеста за животната средина, истовремено обединувајќи ги различните култури. Брендот е веќе присутен во Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а со поддршката од Фондот за иновации и технолошки развој се работи и на верзија наменета за албанскиот пазар. 

 

Маркетком е водечка агенција за лиценци во регионот на Блискиот Исток и Северна Африка. Maркетком соработува со познати брендови вклучувајќи ги The Met, Shaun the Sheep и Kukuli. Mаркетком нуди сеопфатни услуги како претставување на брендот, продажба на медиумски содржини, поддршка на малопродажба и развој на бизнисот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ