понеделник, 7 јули 2025

Израел: Сакаме мир со Либан и Сирија, но нема да преговараме за Голанската висорамнина

Израел е заинтересиран за воспоставување официјални дипломатски односи со Сирија и Либан, но нема да преговара за Голанската висорамнина како дел од можниот мировен договор, изјави израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар на денешната прес-конференција.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Односите во регионот се исполнети со неизвесност поради повеќе од една година борби меѓу Израел и Либан од крајот на 2023 година, паралелно со војната во Појасот Газа и соборувањето на сирискиот претседател Башар ал-Асад во декември 2024 година. Израел ја анектираше Голанската висорамнина во 1981 година, откако го освои поголемиот дел од неа во Шестдневната војна во 1967 година.

Ројтерс во мај објави дека Израел и новите исламистички владетели на Сирија се во директен контакт и одржале билатерални состаноци со цел да се намалат тензиите и да се спречат судири во пограничната област.

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со сирискиот претседател во Саудиска Арабија истиот месец и го повика да ги нормализира односите со Израел, неочекувано најавувајќи дека САД ќе ги укинат сите санкции врз исламистичката влада.

Набргу по падот на Асад, израелските трупи влегоа во демилитаризираната зона во Сирија, вклучувајќи ја и планината Хермон, која се издига над Дамаск.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ