недела, 1 јуни 2025

Атеистите се најголема група во Германија

За прв пат во историјата, Германија има повеќе атеисти (47 отсто) отколку католици и протестанти заедно (45 отсто), покажува неодамна спроведено истражување, а падот на религиозноста особено е забележителен во јужните сојузни држави како Баден-Виртемберг и Баварија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на групата за проучување на погледот на светот во Германија (Weltanschauungen in Deutschland) во 2024 година за прв пат е забележан поголем број лица без верска припадност отколку католици и протестанти. Истражувањето е спроведено врз основа на податоците наведени во публикациите на Германската бискупска конференција и Протестантската црква во Германија (ЕКД). Германија пријавила 47 отсто атеисти, во споредба со 45 отсто католици и протестанти заедно, и 4 отсто муслимани. Во 1990 година само 22 отсто Германци се изјаснувале како нерелигиозни.

За споредба, нерелигиозните во Франција со години се мнозинство, а според истражувањето на Националниот институт за статистика и економски студии, спроведено во 2019-2020, сочинувале 51 отсто од населението, пишува француски Монд.

Новите податоци ги потврдуваат долгогодишните трендови во Германија, како и во остатокот од Европа. Вкупно, двете главни христијански цркви загубиле преку милиони членови минатата година низ Германија. Експертите предвидуваат дека за две години лицата без верска припадност ќе сочинуваат повеќе од 50 отсто од германската популација.

„Луѓето ја напуштаат црквата бидејќи повеќе не чувствуваат поврзаност со неа или едноставно ја изгубиле верата во религиозна смисла“, вели Едгар Вундер, научен советник на Институтот за општествени науки на Протестантската црква на Германија во Хановер. „Скандалите во врска со сексуалното злоставување на малолетници имаа големо влијание, но според моето мислење тоа е привремен феномен. Всушност, луѓето повеќе не ја сметаат црквата за неопходна ниту гледаат причина зошто би требало да бидат нејзини членови“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ