недела, 20 октомври 2024

Сунак ненадејно ја откажа средбата со грчкиот премиер поради спор за скулптурите од Партенон

Објавено на

часот

Сподели

Грчките власти во повеќе наврати бараа од Британскиот музеј трајно да ги врати скулптурите стари 2.500 години кои британскиот дипломат Лорд Елгин ги зел од тој храм на почетокот на 19 век додека бил пратеник во Отоманската империја.

„Воопшто не сум задоволен што британскиот премиер ја откажа нашата средба само неколку часа пред таа да се одржи“, рече Мицотакис во изјава за медиумите.

„Грчките ставови околу прашањето за скулптурите од Партенон се добро познати. Се надевав дека ќе имам можност да разговарам за нив со мојот британски колега. Секој што верува во исправноста и праведноста на своите ставови никогаш не се плаши од соочување со аргументите“, рече тој.

Грчката влада разговараше со шефот на Британскиот музеј, Џорџ Озборн, за можниот договор за позајмување на скулптурите, кои долго време се причина за спор меѓу двете земји. Во интервју за Би-би-си во неделата, Мицотакис се пожали дека разговорите за можното враќање на скулптурите во Атина не напредуваат доволно брзо.

Тој рече дека трајното чувањето на тие скулптури во Британскиот музеј е како да ја преполовиш „Мона Лиза“ и дека не станува збор за сопственост, туку за „повторно обединување“.

Претставник на британската влада, под услов да остане анонимен, рече дека расправијата околу мермерните скулптури значи дека сè уште е несоодветно да се одржи состанок. Претходно, портпаролот на Сунак изјави дека нема планови за враќање на скулптурите.

Британската влада никогаш не размислувала да се откаже од сопственоста на скулптурите, тврдејќи дека тие се стекнати легално. Законот не дозволува тој музеј да отстранува предмети од колекцијата освен во одредени околности, но не забранува ниту позајмување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ