петок, 18 октомври 2024

Судскиот совет ќе ги проверува наодите од реакцијата на австрискиот амбасадор

Објавено на

часот

Сподели

„Од содржината на примениот допис, членовите на Советот на работен состанок констатираа дека поголемиот дел од наводите се однесуваат на незадоволство од постапувањето на Јавното обвинителство, а во еден дел се споменува и  трговски спор, кој се води пред Основниот суд во Гевгелија, кој е во тек. Во содржината на дописот, амбасадорот истакнува сомнеж дека спорот се води под  надворешни влијанија. Од работната средба произлезе заклучок, дека наводите во известувањето ќе бидат проверени од страна на кооординаторите на Основниот суд во Гевгелија и Апелациониот суд во Скопје, со непосреден увид во списите на предметот, дејствијата преземени од страна на судовите  и евентуално донесените одлуки. По направените посети и увид, Судскиот совет ќе изготви извештај, по што ќе продожи со преземање на конкретни дејствија  за следењето на предметот, внимавајќи да не влијае на одлуките на судот“, пишува во одговорот на Судски совет на поставените прашања од МКД.мк.

Оттаму велат дека согласно Законот за судови, испитувањето и контролата на одлуките на пониските судови, ја врши повисокиот суд.

Австриската амбасада преку допис до медиумите вчера го критикуваше македонското правосудство, барајќи да се разрешат судии и јавни обвинители, но и да им се укинат лиценците на извршителите и нотарите кои постапувале во спор што се води меѓу австриската компанија АММА ДОО Хоенемс и валандовската фирма Дена трејд за производство на корнишони.

                                                                                                                                                              И.О.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ