петок, 18 октомври 2024

Судскиот совет ја продолжи соработката со тела кои немаат акредитација за спроведување на псисхолошки и тест за интегритет на судиите

Објавено на

часот

Сподели

Весна Дамева, рече дека е добро што Владата по два месеци одговори, но дека јавноста треба да знае дека никој не го блокирал овој процес, затоа што Судскиот совет доставил информација до Владата и се чекало два месеци да се произнесе. 

„Судскиот совет не беше виновен за ситуацијата“, изјави Дамева, посочувајќи дека ќе гласа „против“.

Претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев, како и членовите Селим Адеми, Ивица Николовски, Лорета Георгиева и Мери Радевска, посочија дека со оглед на добиената информација од Владата, нема пречка за потпишување анекс договори за продолжување на договорите со двете постојни тела, со кои досега се правеле тестовите.

Одлуката за прифаќање на препораката и потпишување анекс договори за продолжување на договорите, Судскиот совет ја донесе со седум гласа “за” и еден „против“.

Претседателот на Судскиот совет Георгиев на почетокот на месецов на брифинг со новинари информираше дека изборот на судии од страна на Судскиот Совет е блокиран поради непостоење акредитирана институција за тест за интегритет и психолошкиот тест, како и поради непродолжување на досегашниот договор. Тој тогаш рече дека се бара решение за излез од ситуацијата, со оглед на тоа што се блокира назначувањето на осум судии во Апелациониот суд Скопје како и изборот на 30 судии слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители.

Согласно законот потребно е да има акредитирана институција, која ќе ги спроведува овие тестови, но таква институција во моментов нема, а до пред застојот тестовите ги спроведувала „Виста груп“, која од 2015 година склучувала договор со Судскиот совет за таа намена. Со договор од 2015 и 2019 година како и повеќе анекси на Договорот, „Виста груп“ седум години ги тестирала судиите за интегритет и психолошкиот тест. Во 2022 година, тогашната претседателка на Судскиот Совет Весна Дамева не го потпишала Анексот на Договорот од 2019 година со „Виста груп“ за продолжување на соработката и побарала мислење од Владата. Одговорот од таму бил дека државава нема акредитирана институција за спроведување на овие тестови, што е законски услов. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ