недела, 14 јули 2024

Судскиот совет едногласно ги усвои оставките на судиите Радевска-Стефкова и Герасимоски

Објавено на

часот

Сподели

Мојата кандидатура за член на Судски совет беше со цел, со моето искуство да придонесам за остварување на независноста и самостојноста на судиите, а изборот и унапредувањето на судиите во повисоките судови да биде со почитување на законите, рече Радевска-Стефкова во обраќањето пред колегите.

„Сметам дека Судскиот совет требаше да покаже дека е брана  од надворешните влијанија, а унапредувањето на судиите требаше да биде врз основа на квалитет, професионалност и интегритет“, рече Радевска-Стефкова.

Таа призна дека во последниот период се разишла во ставовите со другите членови на советот по неколку прашања.

„Разидувањето прво беше во моето несогласување на Врховниот суд да не му бидат дадени списите по жалби на судии. Исто така не се согласив со изборот на судии во Апелацискиот суд Гостивар затоа што тоа беше без почитување на ранг листата и во нетранспарентна постапка. Исто така не се согласив со тоа што не беа избрани судии во Врховниот суд од областа на кривичната материја. Не се согласив и со незаконското разрешување на поранешната претседателка Весна Дамева. И конечно причина за мојата оставка се нарушените меѓучовечки односи кои се пречка за нормално функционирање на советот“, рече Радевска-Стефкова.

Судијата Зоран Герасимоски во потполност се согласи со неговата колешка и кусо кажа дека во деветте месеци од како беше избран за член на Судскиот совет идеолошки се судрил со другите членови на советот.

„Имајќи ги во предвид последните превирања во Судскиот совет сметам дека треба да си поднесам оставка затоа што повеќе придонес ќе дадам во Апелацискиот суд Скопје отколку како член на советот. Иако јас и судијката Радева-Стефкова се враќаме во судовите од каде што дојдовме, сметам дека овој состав на Судскиот совет има капацитет да се справи со предизвиците“, рече Герасимоски.

По прифаќањето на оставките, судијката Мирјана Радевска-Стефкова се враќа во Врховниот суд, а судијата Зоран Герасимоски во Апелацискиот суд Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ