вторник, 22 октомври 2024

Судот во Белорусија осуди 20 политички аналитичари на затвор поради заговор против државата

Судот во Белорусија денеска во отсуство осуди 20 политички аналитичари на по најмалку 10 години затвор за заговор за соборување на владата и учество во екстремистички групи.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Сите аналитичари живеат надвор од Белорусија, но би можеле да бидат уапсени по нивното враќање во, како што пренесе Асошиејтед прес, авторитарна држава.

Пресудите и казните објавени денеска доаѓаат како продолжение на „немилосрдната пресметка од страна на властите“ по масовните демонстрации во земјата поради изборите во август 2020 година, на кои многу истакнати опозиционери беа затворени, додека некои беа принудени да ја напуштат Белорусија.

Пресметката со политичките неистомисленици почна по протестот со кој опозицијата сакаше да ги оспори резултатите од изборите на кои по шести пат победи актуелниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко.

Александар Дабраволски, главниот помошник на лидерот на опозицијата Светлана Тихановска, која мораше да ја напушти државата, е осуден на 11 и пол години затвор. Казните за другите обвинети, меѓу кои и за прес-секретарката Ана Касулина, се движеа од 10 до 11 години.

Десетици групи за човекови права и независни медиуми се затворени од почетокот на репресијата. Меѓу претходно затворените се Алеш Бјаљацки, основач на групата за човекови права „Весна“ (Пролет) и добитник на Нобелова награда за мир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ