сабота, 19 октомври 2024

Судир на Франција и Полска околу муницијата за Украина

Објавено на

часот

Сподели

Сè се случува откако лидерите на ЕУ договорија испорака на муниција на Украина и за тоа наменија две милијарди евра – една за заедничките нарачки во европската индустрија, другата за надомест на членките.

Францускиот амбасадор го обвинил својот полски колега дека во медиумите го обвинил Париз за попречување на конечниот договор, истакнувајќи дека Франција е прагматична во настојувањата парите на Унијата да се задржат во рамките на блокот.

Полскиот дипломат возвратил, кажувајќи дека Франција само ги отежнува тековните преговори.

Во расправата потоа се вмешале Швеѓаните, кои понудиле изменет текст на договорот за да им удоволат на спротивставените држави – се предвидува договорот да може да се однесува на „економски оператори со седиште во Унијата и Норвешка“.

Меѓутоа, мислењата и понатаму се наводно поделени, бидејќи новиот текст за некои премногу оди во францускиот правец, односно отвора нови прашања за тоа кои компании или подизведувачи треба да бидат вклучени.

Разговорите би требало да продолжат следната недела, што значи дека министрите за надворешни работи на ЕУ нема да постигнат договор пред да се сретнат во понеделник, 24 април, во Луксембург да разговараат за конфликтот во Украина.

Заедничкиот план за купување муниција за Украина е дел од процес во три фази кои лидерите на ЕУ го одобрија минатиот месец.

Во првата фаза земјите од Унијата ќе му отстапат муниција од сопствените залихи на Киев, додека втората фаза ќе подразбира заедничко купување. Третата фаза треба да обезбеди произведувачи од ЕУ да можат да ги задоволат потребите за одбраната на Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ