„Сигурно дека ќе се трудам максимално да дадам придонес да ги подобриме сите состојби. Јас мислам дека бев дел од тоа дека сакав и сакам работите да одат така како што личи на една највисока институција во државата, тоа е судски совет“, изјави Зендели.
Другите членови на Советот му посакаа успешна работа на новиот заменик претседател.
На денешната седница, Судскиот совет констатираше и престанок на мандатот на членовите Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски по нивните поднесени оставки.