среда, 30 октомври 2024

Судењето за убиствата на Вања и Панче почнува на 4 септември

Судењето поврзано со двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје и велешанецот Панче Жежовски започнува на 4 септември, информираа денеска од Основниот кривичен суд Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Главната расправа за предметот К.бр.1339/24 поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж, во согласност со странките е насрочена за 4 септеври 2024 година“, пишува во соопштението што денеска беше објавено на веб-страницата на Кривичниот суд.

Оттаму дополнуваат дека расправата, која требаше да се одржи денеска, е одложена по предлог на Основното јавно обвинителство (ОЈО) поради спојување на двете постапки, едната во која се обвинети четири лица и обвинението против првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо, кое допрва ќе треба да го поднесе ОЈО, а да биде одобрено од Кривичниот суд.

„Имајќи предвид дека истрагата против осомничениот Љ.П. е завршена и по истекот на законските рокови по известувањето за завршена истражна постапка, ќе биде подготвено и поднесено обвинение, кое се однесува за истиот кривично-правен настан за кој се води и предметот К.бр. 1339/24 против четворица други обвинети, а воедно се работи и за исти докази, од ОЈО Скопје ќе биде поднесен и предлог за спојување на двете постапки“, соопштија претходно од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Скопје во мај годинава поднесе обвинение против четири лица за грабнување и сурово убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Обвинети се Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Неодамна беше завршена и истрагата за Љупчо Палевски, првоосомничен за двојното грабнување и свирепо убиство, како и за возачот што го однесе Палевски од Србија во Турција, а кој е осомничен за помагање по извршување на кривичното дело, против кого постапката ќе се води одвоено.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември 2023 година. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ