вторник, 26 ноември 2024

Суданската воена офанзива предизвика нови борби во Картум (ФОТО+ВИДЕО)

Суданската армија денеска започна голема офанзива против моќната паравоена група Сили за брза поддршка (РСФ), со која се бори во граѓанската војна, цел беа нивните бази во главниот град Картум, како и во градот Бахри.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Судан е потресен од граѓанска војна откако армијата и РСФ започнаа жестока борба за моќ во април 2023 година, што доведе до, како што велат ОН, една од најлошите хуманитарни кризи во светот, пренесува Би-би-си.

Во конфликтот загинаа речиси 150.000 лица, додека повеќе од десет милиони, околу една петтина од населението, беа принудени да ги напуштат своите домови.

Воената ескалација дојде и покрај напорите предводени од САД за посредување при прекин на огнот, за кој се дискутираше на маргините на Генералното собрание на ОН оваа недела.

Според очевидци, армијата ги преминала клучните мостови на реката Нил, кои ги одвојувале областите под контрола на владата во областа Омдурман од регионите контролирани од РСФ.

Припадниците на РСФ тврдат дека ги одбиле овие напади, но се слушаат борби и се гледа чад од локациите во центарот на Картум. Од почетокот на војната, паравоените сили го контролираат речиси целиот главен град, а денешните пробиви се првиот значаен обид на владините сили по неколку месеци да вратат дел од територијата.

ОН повикаа на итна акција за заштита на цивилите и прекин на борбите.

Како што соопштија од ОН, од почетокот на септември најмалку 78 цивили се убиени во бомбардирања и воздушни напади во поширокото подрачје на Картум.

Двете страни се обвинуваат меѓусебно за неселективно бомбардирање на цивилни области.

ОН предупредија дека гладот ​​му се заканува на населението, а Министерството за здравство соопшти дека во земјата владее епидемија на колера, од која минатиот месец починаа 430 лица.

Во меѓувреме, лидерот на РСФ, генерал Мохамед Хамдан Дагало изјави денеска дека оваа фракција е подготвена да го спроведе договорот за прекин на огнот во војната против армијата и да дозволи испорака на хуманитарна помош.

Тој ова го изјави во снимена порака упатена до учесниците на Генералното собрание на ОН, по обраќањето на командантот на суданската армија, пренесе Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ