„Велосипедистот спуштајќи се по патеката излетал во провалија и се здобил со повреди при што од неа бил извлечен од други велосипедисти. Со теренското возило на ТППЕ Струмица заедно со тим на брза помош е префрлен до село Борисово каде е преземен од возило на брза помош и пренесен во Медицинскиот центар Струмица“, се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.
Тие апелираат до граѓаните на крајна внимателност кога престојуваат или се движат во планина со цел да се избегнуваат вакви несреќни случаи.