Струмица која многу инвестираше ова лето и ги собра најдобрите репрезентативци на Македонија, денеска амбициите ги покажа на дело.
Македонскиот тим имаше постојана предност против Фино Капошвар во текот на сите три сета. Унгарскиот тим најголем отпор пружи во вториот сет во кој дојде до 23 поени.
Реваншот во Унгарија се игра на 16 октомври од 18 часот.