петок, 18 октомври 2024
Прес-конференција на градоначалничката на Скопје

Структурниот интегритет на мостот Беласица не е нарушен, вели Арсовска поткрепена од првичниот увид на Гаревски

Објавено на

часот

Сподели

„Сакам оваа прилика да ја искористам и да ги замолам сите институции кои се сметаат за засегнати да не шират страв и паника кај граѓаните со паушални тврдења кои се однесуваат на какви било наводни структурни оштетувања на мостот“, рече Арсовска.

Таа нагласи дека Службите на Градот Скопје и таа лично уште од првата вечер се на терен на увид во настаната штета при пожарот.

„Денеска со мене е и еден од најголемите експерти не само во Македонија туку и пошироко професорот Михаил Гаревски кој во текот на изминатата недела изврши иницијални проверки со цел да добиеме потврда и да бидеме сигурни дека во моментот кога мостот ќе биде пуштен во употреба нема да биде загрозен никој“, нагласи Арсовска.

к

Таа напомена дека заедно со помошта на видни стручни лица од областа, Град Скопје ги превзема сите потребни проверки со цел да бидеме сигурни дека никој нема да биде доведен во опасност и затоа се спроведува детално истражување за штетата која би можела пожарот да ја нанесе на мостот Беласица.

Арсовска упати апел до сите институции да бидат на висина на задачата и прво да се спроведат сите можни испитувања на мостот Беласица како што тоа го прави Градот Скопје со цел, како што истакна, да дојдеме до вистински заклучок кога најбрзо мостот може повторно да биде пуштен во употреба.

„Паушалните тврдења како досега кои произлегоа од политичките агенди на групи и поединци, што само шират страв и паника помеѓу граѓаните, не помагаат никому. Жалам што можам да констатирам дека секоја непогода со која се соочува градот резултира со медиумски линч на градската администрација иако на граѓаните им е јасно дека се работи само за очајни обиди за собирање на политички поени“, рече Арсовска.

л

Гаревски потоа на новинарите им изјави дека на барање од градот ќе биде направена проверка на оштетувањата на мостот, со земање на примероци од бетонот и арматурата.

„Добро е што од другата страна мостот не е воопшто оштетен што е добро за тестовите, Видни има оштетувања на бетонот и негово ронење поради високата температура од огнот, но и поради гаснњето, односно од температурната разлика, но на главната структура нема оштетувања. Од визуелен аспект би рекол дека мостот може веднаш да се пушти, но добро е што го имаме проектот од реномирана компанија  Мостоградња од Белград во изведба на Бетон, за да може да ги цениме внатрешните сили на затегнување во мостот. Добро е што може сеопфатна експертиза да направиме и да утврдиме евентуални деформации“, рече Гаревски.

Не би требало повеќе од 20 дена да трае експертизата и таа ќе покаже дали е потребна евентуално минимална санација, но не на носечкиот дел. 

г

„Во првиот момент не изгледа дека е потребна посериозна санација, но не би тврдел во овој момент дека е така, но во секој случај ќе се најде елегантно решение за брзо да може мостот да се пушти во употреба, во крајна евентуалност со отворање на една лента на мостот“, дополни Гаревски.

Тој потенцира дека и во македонските и европските прописи не се бара заштита од пожари иако ризикот е три пати поголем од други објекти. 

Верувам дека пикот на пожарот во првите моменти бил над 1.000 степени, но не и дека траела таквата висока темпетарура доло, а е добро што не се работи за челичен туку бетонски мост ој е поотпорен на оган, рече Гаревски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ