среда, 23 октомври 2024

Стручно лице посочи дека треба ДУП кој не го загрозува јавниот интерес, кажа сведок на судењето на Димитриевски

Во Основниот суд Куманово денеска продолжи рочиштето во кое е обвинет кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за злоупотреба на службена положба и овластувања, по кривична пријава поднесена од кумановски градежни фирми за случајот за недобивање дозволи за градење згради во Куманово.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

На денешното рочиште продолжи испитувањето на сведокот, раководител на сектор за урбанизм во општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска, која одговараше на прашање на обвинителката за постапката за одобрување на градење, за документацијата, за датумите за донесување на суспензија на Деталниот урбанистички план (ДУП), што го опфаќа реонот околу гимназијата и школската амбуланта како и за измена на одлуката за степенот на градење.

Сларидис рече дека градежните компании ја обжалиле одлуката и дека Уставниот суд донел времена мерка за укинување на измената и дополнувањето на одлуката на советот за суспензија, по што предметот се работел.

И адвокатите на градежните компании УПМ-ГРУП и ХРОМАК Емил прашаа за датумите на донесување на одлуката за измена на намалувањето на степенот на градба, дали инвеститорите поседувале други пропратни дозволи, дали проектот бил ревидиран. Адвокатите на фирмите кажаа дека општината не ги почитувала одлуките од второстепениот орган односно Уставниот суд.

Сларидис Јаневска потврди дека иако законскиот рок во одредени моменти е пократок, поради забелешки може да се одолговлече и кажа дека за време на постапката имале инспекции.

На сослушувањето беше кажано дека сите институции дале позитивен извештај освен, Водовод, дека првично немало забелешки од гимназијата и школската амбуланта за загрозување на јавниот интерес, туку забелешките биле од граѓани, а подоцна имало забалешки и од гимназијата и од школската амбуланта.

На сведочењето при вкрстеното испрашување од одбраната, раководителката обвини за притисоци, кажа дека точките на дневниот ред за седницата биле познати неколку дена пред носење на одлуката на Советот, а гимназијата и школската амбуланта имале забелешки кои ги разгледувало стручно лице- вештак кој им посочил дека е потребно да се суспендира ДУП-от, да се донесе нов кој не го загрозува јавниот интерес.

Таа одговараше и на прашања на Димитриевски дека откако е тој градоначалник, компаниите имале одобрение за градење за пет нивни поднесени барања. Таа посочи дека колку и да се трудат да ги запазат сите рокови, предметите во секторот ги работатат само тројца службеници.

На сослушувањето беше потенцирано дека на локацијата, инвеститорите можат да градат, предметот е завршен и издадено е решение за градење. Сларидис посочи на прашање на еден од адвокаттите на тужителите дека одлуката на Советот за суспензија на ДУП-от е поништена од Уставниот суд.

На претходното рочиште Димитриевски кажа дека не се чувствува виновен, сопствениците на компаниите Бобан Спасовски и Емил Георгиевски сметаат дека се оштетени со одлуката за суспензија на ДУП-от за парцелата и бараат над 3, 3 милиони денари оштета.

Наредното рочиште е закажано за 4 септември, годинава кога ќе бидат сослушани вештите лица кои го изработиле вештачењето за претрпената штета на двете фирми, па редложени од обвинителството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ