петок, 18 октомври 2024

Стрип на средношколката Недељковска од Куманово на стрип-фестивал во Романија

Објавено на

часот

Сподели

Нејзиното излагање  во Романија е врз основа на соработката почната преку проектот „Can for Balkan“  на кој со свои стрипови учествуваат повеќе македонски автори, информираше Томе Трајков, програмски координатор на Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес.

Анастасија Недељковска е 18-годишна ученичка во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје. Активно учествува на стрип натпревари и изложби од 2019 година и е дел од македонската младинска стрип сцена.

Трајков од СЦМ-Велес посочи дека историскиот стрип како тема е доста развиен и популарен и има  континуитет  во Романија.

За оваа година беше објавен меѓународен конкурс за  контрафактуален стрип, што може да се преведе како испревртена историја или слободно речено – „што би било кога би било“, рече Трајков.

На Стрип фестивалот во Брашов покрај изложбата ќе има и едукативни работилници, промоции  и придружни активности. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ