вторник, 22 октомври 2024

Страшно невреме го погоди Скопје (ВИДЕО)

Скопје вечерва е зафатено од силно невреме проследено со силен ветер, грмотевици и град. Претходно, тетовскиот регион денеска попладне беше зафатен од пороен дожд, грмежи, засилен ветер и повремено појава на град.

Објавено на

часот

Сподели

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека поголема нестабилност се преместува преку западниот дел на Скопје и слабо се движи кон север до североисток.

„Од невремето кое вечерва го зафати Скопје во оперативниот центар на ЦУК стигнаа околу 70 пријави од 112 кои претежно се за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријави за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров“, информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Тој појаснува дека сите пријави се пренесени на надлежни институции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ