четврток, 18 јули 2024

Пожарната бара цело Тетово да биде без струја, поради невремето можни се струјни удари (ВИДЕО)

Големо невреме го зафати попладнево Тетово. Командирот на Противпожарната служба од ЕВН бара во целиот град да биде исклучена струјата бидејки според него ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок поради тоа што се поплавени голем број на подруми, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

Во 16:30 часот територијата на Тетово ја зафати невреме проследено со дожд, грмотевици и силен ветер во траење од околу 40 минути. Големото количество поројни води предизвика поплавување на дворови и подруми на повеќе од пеесетина куќи и објекти во пониските делови на градот, информираа од ЦУК.

„Екипите на ТППЕ Тетово и јавно комуналните преторијатија се на терен и вршат пунктирање на водата од објектите.  Од страна на ТППЕ Тетово преку ЦУК беше побарано исклучување на струјата во цело Тетово. Силниот ветер и градот направија штети на земјоделските култури и овошните насади но и штети во урбаните средини (оштетени кровови, канделабри, пластифицирани настрешници, возила и др.). Штетите ќе се проценуваат дополнително“, велат од ЦУК.

Од ЕВН инфирмираат дека ќе ја исклучуваат струјата улица по улица и населба по населба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ