вторник, 22 октомври 2024

Столтенберг: Украина има право да напаѓа воени цели на руска територија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кажа дека Украина би можела да гаѓа воени цели во Русија за да се брани од напади.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Украина има право да напаѓа воени цели на руска територија како дел од правото на самоодбрана, а ние имаме право да ги поддржиме во одбраната“, кажа Столтенберг, одговарајќи на новинарски прашања во Брисел во седиштето на НАТО.

Контакт групата за одбрана на Украина, која ја предводат САД, вклучува околу 50 земји и ја координира воената поддршка за Киев во борбата против Русија.

Столтенберг ја поздрави одлуката на членките на НАТО да ги намалат ограничувањата на употребата на оружјето против легитимни воени цели во Русија.

„Ако Украинците тоа не би можеле да го прават, тогаш едноставно би ги молеле да се бранат, би го поддржувале правото на самоодбрана со една рака врзана зад грб. Самоодбраната не е ескалација“, оцени Столтенберг.

Тој кажа дека правото на Украина на напади преку границата станало очигледно откако Русија отвори нов фронт на северот во Харков и почна да ја напаѓа таа област директно од руска територија.

„Границата и линијата на фронтот се помалку или повеќе исти. И нормално, ако руските сили, артилеријата, ракетните батерии се безбедни штом се најдат на руската страна на границата, станува исклучително тешко за Украинците да се бранат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ