петок, 18 октомври 2024

Столтенберг по средбата со Вучиќ: Нападите на НАТО на Косово се неприфатливи

Објавено на

часот

Сподели

Столтенберг синоќа се сретна со Вучиќ и ги повика двете страни да ги смират тензиите, истакнувајќи дека НАТО цврсто го поддржува дијалогот на Белград и Приштина под закрила на Европската Унија.

Столтенберг истакна дека Србија веќе долго е „сигурен партнер“ на НАТО и уверен е дека ќе се ангажира во дијалогот на конструктивен начин.

Порача дека НАТО ќе ја продолжи мисијата со која на Косово ја осигурува безбедноста на движење на сите жители.

Истовремено, за неодамнешните инциденти во кои се повредени десетици припадници на мисијата на Кфор, предупреди дека напади на војниците на НАТО се неприфатливи.

„Го засиливме присуството како реакција на зголемените тензии на северот на Косово и ќе продолжиме да го обезбедуваме спроведувањето на нашиот мандат на непристрасен начин“, кажа Столтенберг.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека на Србија ѝ се потребни Кфор и НАТО, кои досега дејствувале професионално на Косово.

Тој истакна и дека на Приштина никој не ѝ верува, „бидејќи нивната цел е да се спроведе политиката на (поранешниот претседател на Албанија) Енвер Хоџа, што значи „Косово без Срби“ и „обединување со Албанија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ